14 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Најмасовен протест во Прага од Кадифената револуција досега

Најчитани вести

Десетици илјади Чеси протестираа во неделата во Прага, барајќи оставка на премиерот Андреј Бабиш, што е најголем израз на општествено незадоволство од 1989 година, кога со Кадифената револуција беше соборена комунистичката власт.

Според агенцијата „Ројтерс“, собирот во паркот Летна претставува кулминација на серија демонстрации против Бабиш кои се одржаа во текот на изминатата недела. Премиерот се соочува со истрага за наводна измама и конфликт на интереси.

Организаторите објавија дека на протестот присуствувале околу 250.000 луѓе од целата земја, но оваа бројка не е официјално потврдена.

Учесниците на протестот носеле транспаренти со порака „Поденси оставка“, „Доста ни е“ и вееле знамиња на Чешка и ЕУ.

Во април полицијата предложи милијардерот Бабиш, кој го споредуваат со американскиот претседател, Доналд Трамп, да биде официјално обвинет за измама кога пред 10 години искористил субвенции од ЕУ за изградба на хотели и конференциски центар во близината на Прага.

Бабиш ги отфрла ваквите обвиненија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести