0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Најмалку 70 загинати во немирите во Јужноафриканската Република

Најчитани вести

Бројот на загинати во Јужна Африка се искачи на 72 откако делови од земјата ги зафати насилство поради затворањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума.

Меѓу загинатите се и десет лица убиени во стампедо при грабеж на трговски центар во градот Совето во понеделникот вечерта. Би-Би-Си сними фрлање на бебе од запалена зграда во Дурбан, која гореше по грабеж на продавници на приземјето.

Во провинциите се распоредени припадници на армијата за да и помогнат на полицијата, која е преоптоварена од почетокот на немирите минатата недела. Јужноафриканската полиција соопшти дека идентификувала 12 лица осомничени за предизвикување на немирите и оти се уапсени вкупно 1.234 лица.

Претседателот Сирил Рамафоза го нарече насилството едно од најлошите во Јужна Африка од 90-тите години на минатиот век, пред крајот на апартхејдот. Подменати се пожари, блокирани се автопатишта, и ограбени се деловни објекти и магацини во поголемите и помалите градови во провинциите Квазулу-Натал и Гаутенг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести