9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Најмалку 35 загинати во судир на два брзи воза во Пакистан

Најчитани вести

Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се повредени рано утрово во судир на два брзи воза во јужен Пакистан, соопштија властите. Најмалку 50 повредени се пренесени во болницата, а некои од нив се во критична состојба, пренесуваат агенциите.

Според нив, помеѓу 15 и 20 патници сè уште се заробени во остатоците.

Како што се наведува, еден воз излетал од шините, а наскоро и друг воз удрил во него. Причините за несреќата сè уште не се познати.

Машиновозачот што удрил во возот кој излетал од шините, изјавил дека со сите сили се обидел да ја избегне несреќата со сопирање, но не успеал во тоа.

Министерот за железници Азам Свати се упати кон местото на несреќата, а премиерот Имран Кан изрази жалење за несреќата и нареди истрага.

Железничките службеници рекоа дека во возовите има околу 1.100 патници, а армијата исто така се занимава со обезбедување помош на преживеаните и извлекување на жртвите.

Железничките несреќи се чести во Пакистан, поради лошо одржуваниот систем за сигнализација и застарената железничка инфраструктура.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com