Home » Најмалку 26 мртви и над 50 повредени во воздушен напад врз плоштад во регионот Амхара во Етиопија

Најмалку 26 мртви и над 50 повредени во воздушен напад врз плоштад во регионот Амхара во Етиопија

by Журнал.мк

Претставниците на болницата, каде се сместени повредените лица, за „Гардијан“ велат дека нападот е еден од најсмртоносните од избувнувањето на насилството низ Амхара на почетокот на август.

Во воздушен напад на преполниот градски плоштад во регион Амхара во Етиопија загинаа најмалку 26 луѓе, а повеќе од 55 се ранети, изјави денеска претставник на здравствените власти, само неколку дена откако владата соопшти дека мирот е вратен во областа.

Нападот се случил вчера во раните утрински часови во центарот на Финоте Селам, град во зоната Западен Гоџам во Амхара, изјави локален лекар за „Гардијан“.

Претставниците на болницата, каде се сместени повредените лица, за „Гардијан“ велат дека нападот е еден од најсмртоносните од избувнувањето на насилството низ Амхара на почетокот на август.

Двајца жители на Финота Селам изјавија дека цел на воздушниот напад бил камион со цивили кои се враќале од доставување храна на борците од милицијата позната како Фано, но нивните тврдења не се потврдени.

Етиопските власти прогласија вонредна состојба на почетокот на овој месец во регионот Амхара. Итните мерки им овозможуваат на властите да апсат осомничени без налог, да вршат претреси и да воведат полициски час.

Милицијата Фано се бори против етиопските воени сили во соседниот регион Тиграј, што заврши со мировен договор во ноември минатата година.

Адвокати и сведоци денеска изјавија дека властите во Етиопија вршат масовни апсења во главниот град Адис Абеба откако владата прогласи вонредна состојба на почетокот на август по немирите во регионот Амхара. Полициски извори соопштија дека во Адис Абеба се уапсени три илјади лица.

Државната комисија за човекови права на Етиопија денеска наведе „веродостојни извештаи за напади и гранатирање“ во Финоте Селам и други градови во Амхара што резултирале, како што велат, со многу цивилни жртви.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk