10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Најмалку 26 војници убиени во напад на Боко Харам во Чад

Најчитани вести

Најмалку 26 војници загинаа во синочешниот напад на терористичката група Боко Харам во Чад, во централна Африка, изјави портпаролот на армијата, Азем Бермандоа Агуна, пренесе ДПА.

-Четиринаесет други војници се повредени во нападот, изведне во регионот на езерото Чад, изјави армискиот портпарол.

Тој додаде дека десетици напаѓачи се убиени, но не даде конкретни бројки.

Исламистичката терористичка група Боко Харам е активна во североисточна Нигерија, а, исто така, почна напади и во Чад.

Бунтовниците од Боко Харам со години ја тероризираат нигериската држава Борно, во која изведуваат самоубиствени бомбашки напади и напади со тешко огнено оружје. Нигериската војска се бори со Боко Харам повеќе од една деценија, но нема голем успех во тоа, додава германската агенција.

Со Чад во моментов владее привремен воен совет по ненадејната смрт во април на долгогодишниот владетел Идрис Деби Итно, а со негово претседава неговиот синот Махамат.

Чад, за поранешните колонијални сили Франција и Европа е земја богата со нафта, а многу сиромашна, е воено важен партнер во регионот Сахел, на кој му се закануваат бројни вооружени групи, пренесува ДПА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com