Во експлозијата и пожар во фабриката за плочки во Картум, Судан , загинаа 23 лица, а повеќе од 130 се повредени.
Несреќата се случила денеска во индустриска зона во северниот дел на Картум. Полицијата ја обиколи областа.
Густиот црн чад се креваше од местото на несреќата, изјавија сведоци и новинар на Франс Прес.
Владата соопшти дека „23 лица загинаа, а повеќе од 130 се повредени во пожар во индустриската зона“ предизвикан од „експлозија на резервоарот за гас“. Во претходниот извештај на медицински извор се споменуваа 16 мртви и најмалку 90 повредени.
Според првите информации, на фабриката и недостигала опрема за безбедност, објави владата.
„Експлозијата беше силна. Неколку возила паркирани во близина беа запалени“, изјавил за АФП еден од работниците.