9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Најмалку 18 загинати во пожар во училиште за боречки вештини во Кина

Најчитани вести

Најмалку 18 лица загинаа и 16 се повредени денеска кога во раните утрински часови избувна пожар во училиште за боречки вештини во централна Кина, соопшти локалната влада.

Локалните медиуми објавија дека повеќето од жртвите се ученици на возраст од седум до 16 години.

Пожарот е изгаснат, а властите ја испитуваат причината за пожарот, се вели во соопштението од владата на округот Зеченг во провинцијата Хенан.

Кога избувнал пожарот, во просториите имало 34 ученици.

Повредените, од кои четворица со тешки повреди – итно биле пренесени во локалната болница, каде неименуван лекар за локалните медиуми изјавил дека „прават се што можат” за да ги спасат.

Менаџерот на центарот е уапсен, се вели во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести