Home » Најмалку 17 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран

Најмалку 17 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран

by Журнал.мк

-Седумнаесет лица загинаа, а 37 се повредени во болница, изјави портпаролот на итната служба Мохтаба Каледи за државната телевизија Ириб.

„Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од повредените се во критична состојба”, додека тој, појаснувајќи дека „на местото на настанот се испратени 24 амбулантни возила и три хеликоптери”.

Заменик-шефот на државните железници на Иран, Мир Хасан Мусави, изјави за државната телевизија дека возот превезувал 348 патници.

Според него, тој „излетал од шините откако удрил во багер”, кој се наоѓал во близина на шините.

Портпаролот на националниот железнички оператор за државната телевизија Ириб јави дека несреќата се случи во непосредна близина на градот Табас, што се наоѓа во провинцијата Јужен Хорасан, на околу 900 километри од Техеран.

Тој додаде дека возот сообраќал на релацијата меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и дека се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

Причината за несреќата првично беше нејасна, но во меѓувреме се дознава дека возот излетал од шините откако претходно удрил во багер.Пет од седумте вагони испаднале од пругата, соопшти националната организација за помош и спасување.

Во возот,наводно, имало неколку стотици патници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk