-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Најмалку 130 починати од пеколните горештини во Канада

Најчитани вести

Десетици луѓе починаа во Канада во силниот жежок бран, кој ја зафати земјата со рекордно високите температури. Од петокот се пријавени најмалку 130 ненадејно починати од кои повеќето биле стари лица или луѓе со хронични здравствени проблеми. Според полицијата, смртта е поврзана со неверојатно високите температури.

Канада вчера го урна рекордот во највисока измерена темепратура од 49,5 целзиусови степени,
во гратчето Литон во Британска Колумбија. Пред оваа недела, во Канада никогаш не биле измерени повеќе од 45 степени.

Жешкиот бран е последица на купола со висок притисок што лебди над северозападниот дел на САД и Канада.

„Веруваме дека жештината придонесла за смртта на 65 луѓе во Ванкувер. Во предградието Барнаби има 34 починати, а во областа Сури 38. Ванкувер никогаш досега не искусил вакво нешто и, за жал, десетици луѓе умираат поради тоа“, изјавија од полицијата на Ванкувер.
Многу домови во Британска Колумбија немаат клима-уреди, зашто летните температури вообичаено се умерени. Отворени се привремени центри за разладување.

Во САД, најпогодениот регион е Пацифички Северозапад, при што во Портланд се измерени 46,1 степен, а во Сиетл 42,2, најмногу откако се води статистика од 1940-ите. Десетици смртни случаи во Вашингтон и Орегон се поврзуваат со жештините.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести