15.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Најмалку шест лица загинати во несреќата во хемиската фабрика во Словенија

Најчитани вести

Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозија и пожарот потврди директорот, Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот.

Се очекува денеска полицијата да излезе со првите резултати од истрагата за несреќата, но од компанијата проценуваат дека настанала поради човечка грешка.

Причина за трагичниот настан најверојатно е човечката грешка на еден од вработените, која се случила при испумпување на суровини во складишниот простор, изјави вчера Стефаниќ, додавајќи дека дошло до трагична конфузија, односно замена на две суровини.

Во несреќата загина едно лице вработено во Меламин, компанија за производство на меламински смоли кои се користат во хемиската и градежната индустрија и петмина вработени во компанија од Љубљана кои морале да поправаат електрични инсталации во областа каде што се случила експлозијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com