Најмалку oсум лица загинаа кога се урна дел од хотелот Сиџи Кајуан во приморскиот југоисточен кинески град Сушоу
Спасувачките екипи од утрово трагаат по девет лица под урнатините, јавија кинеските медиуми.
Несреќата се случила вчера попладне, а Министерството за вонредни ситуации на Кина веднаш испратило спасувачка екипи.
Во тек е истрага за причините за уривањето на тој трикатен хотел изграден во 2018 година.