0 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

“Најжена на 21ви век”, Нина Шерифовска на листата на најуспешни жени претприемачи во регионот

Најчитани вести

На новогодинешното издание на манифестацијата “Најжена на 21ви век”, кое по 18ти пат на едно место ќе ги собере најдобрите жени претприемачи од сите области на бизнис и јавниот живот од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, номинацијата од нашата држава ја понесе Нина Шерифовска-Директорка на Парк Резиденс, која веќе 10 години колку што постои Парк Резиденс е дел од успешната приказна на компанијата.

Манифестацијата ќе се одржи на 2ри декември во Crowne Plaza хотелот во Белград, отварајќи ги вратите на повеќе од 300 успешни жени од целиот регион кои претставуваат значаен фактор во областа на бизнисот, науката, уметноста, спортот, модата и медиумите, со цел јакнење на претприемачката клима и конкурентност на пазарот, како и потенцијалот на ниво на цела Југоисточна Европа.

Целта на овој настан е унапредување на професионалниот развој на учесниците од приватниот и јавниот сектор, нивна афирмација, како и поврзување и промоција на најдобрите претприемачки пракси, компании и опшсествено одговорно работење.

Фокусот се става на оддавање признание не само на преприемачкиот дух и успешните проекти, туку и оддавање признание на лидерството и мотивацијата која ја пренеле во своите компании, придонесот кон заедницата и кон личниот развој на другите вработени, на тој начин давајќи позитивен пример кој треба да го следат и другите.

Нина Шерифовска важи за една од најуспешните жени кои пливаат во бизнис водите во нашава земја. Таа со гордост ја раскажува уникатната приказната за Парк резиденс, успешна приказна која трае повеќе од 10 години, приказна која континуирано се надградува.

Бројки кои говорат за една импресивна инвестиција од 25 милиони евра која се протега на површина од 32.246 м2, преточена низ луксузни станбени и деловни објекти, но како што таа вели, за неа и нејзиниот тим најголемиот успех е континуитетот во работењето, задоволството/позитивните коментари од клиентите, гостите и партнерите, и пред се пасијата и мотивацијата со која тимски се пристапувава во секојдневното работење.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести