4 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Најдраматично искуство: Петра Немцова се породила предвреме во кола

Најчитани вести

Поранешната чешка манекенка Петра Немцова се породила во автомобил, во природа, а целото тоа искуство за неа било драматично, но и трауматично, со оглед на тоа што се породила неколку недели порано.

Ова се случило на 15 ноември, а настанот манекенката не го открила за јавноста, бидејќи животот на новородениот син бил во опасност и требало да почекаат да видат како ќе се одвива целата ситуација.

Немцова и нејзиниот сопруг Бенџамин биле на излет во природа. Кога влегле во кола, таа сфатила дека се породува. Поради лошиот терен во шумата, не успеале да пристигнат навреме во болницата и таа се породила во автомобилот.

За овој настан таа извести преку Инстаграм, објавувајќи емотивна фотограгија од стапалото на бебето.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести