17.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Најдолгата европска змија е снимена на хрватското крајбрежје

Најчитани вести

На социјалните мрежи во Хрватска се појави снимка од змија која плива во морето и се обидува да се искачи на еден катамаран, помеѓу островите Какан и Боровњак Велики во близина на Шибеник.

Андреј Симчиќ, кој ги проучува рептилите на територијата на Хрватска, врз основа на фотографиите вели дека станува збор за четирипругаст кравосас, односно четирипругаст смог, најдолгата европска змија, која може да порасне до 2 и пол метри, но која не е отровна, пренесува хрватскиот портал „Морски“.

„Сите змии пливаат, а за оваа на снимката тоа и не е некоја особена реткост. Можеби била на дрво над морето, па паднала во водата, а тоа што сака да се качи на бродот е природно, бидејќи сака што побрзо да дојде на копно“, вели Симчиќ.

На територијата на Хрватска живеат три видови змии отровници, а како што се вели, нивното каснување е проблематично само за луѓе со послаб имунитет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com