22.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

Најголемиот пожар во Словенија се уште е активен, има и жртви

Најчитани вести

На словенечкиот Крас, крај границата со Италија, продолжува да беснее шумскиот пожар што досега зафати над 2.000 хектари, а синоќа на италијанската страна ја зеде и првата жртва.

Педесет и шестгодишната Елени ло Дука го загуби животот откако врз неа падна опожарено дрво, при вршење увид.

Пред два дена, пожарот се прошири во Словенија од Италија. Некое време беше под контрола, но состојбата повторно е сериозна.

Евакуирани се три села во словенечката област, каде живеат околу 400 луѓе. Огнот е прилично оддалечен од нивните домови, но подрачјето е опасно по живот бидејќи е опкружено од густ чад.

Според некои направени проценки ова е најголемиот пожар на територијата на Словенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com