23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Најголемиот извозник на автомобили од САД е … BMW!

Најчитани вести

Извозот на автомобили од фабриката на BMW во Спартанбург во минатата година вредел над 8,9 милијарди долари.

Групацијата BMW втора година е најголем извозник на автомобили од САД. Фабриката во Спартанбург, во Јужна Каролина, лани извезла 218.820 возила со вкупна вредност од преку 8,9 милијарди долари.

Во американската фабрика на BMW во текот на минатата година биле произведени вкупно 361.365 возила. Само во втората половина од годината биле произведени околу 218.000 возила, што е нов рекорд за Спартанбург.

Најпопуларни модели во фабриката се верзиите со приклучен хибриден погон, кои исто така постигнаа рекорд лани. BMW X3 xDrive30e и BMW X5 xDrive45e достигнаа рекордни 23.000 и 24.000 примероци. Само на овие модели отпаѓаат 13 проценти од вкупната продукција. За тоа да се постигне, преклани беше извршено и прошпирување на погоните за монтажа на батерии. Групацијата BMW произведува високонапонски батерии за своите возила во фабриката во Спартанбург уште од 2015 година.

Најмногу возила се извезуваат во Кина (23,3% од вкупниот број возила), Германија (12,9%), Јужна Кореја (7.8%), Канада (6%) и Русија(5.3%). Возилата заминуваат од САД преку пристаништето Чарлстон (повеќе од 189.000 возила) и преку уште пет пристаништа на југоисточното крајбрежје. Повеќе од 13.000 возила биле извезени преку железница.

Фабриката во Спартанбург е дел од производствената мрежа на групацијата BMW уште од 1994 година и моментно произведува околу 1.500 возила дневно. Повеќе од две третини од моделите се извезуваат на 125 пазари. Моделското порфтолио го сочинуваат пет модели од семејството BMW X , односно X3, X4, X5, X6 и X7. На тоа следат уште четири модели X од M GmbH и два X-модели со приклучен хибриден погон. Годишниот капацитет изнесува 450.000 возила, фабриката вработува повеќе од 11.000 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести