15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Најголемиот гејминг настан за оваа година „MESA Spring Fest “ ќе се одржи овој викенд со физичко присуство

Најчитани вести

По финализирање на он-лајн фазата која се одвиваше од 17.03 до 23.03.2022, „MESA Spring Fest“ преминува во завршница со физичко присуство. Тимовите кои се изборија за позиција во он-лајн делот од овој настан со почеток во 15 часот овој петок11 часот сабота и 11 часот во недела ќе се натпреваруваат во две исклучително популарни видео игри и тоа „Counter Strike: Global Offensive“ како и „League of Legends “ во просториите на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Финки.

По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство. „MESA Spring Fest“ е организиран согласно протоколите за превенција на Ковид-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports

Ги покануваме сите заинтересирани претставници на медиумите како ѝ пошироката јавност да го проследат „MESA Spring Fest“ во просториите на „Факултетот ФИНКИ “ во Карпош 2, како и секогаш не очекува забавна дружба со гејминг заедницата и одлично натпреварување помеѓу играчите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com