9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Најголемиот англиски талент доаѓа во Јувентус во јануари?

Најчитани вести

Најголемиот англиски талент Џејдон Санчо, актуелниот фудбалер на германска Борусија Дортмунд е решен да си замине од „Сигма Идуна Парк“, најбрзо во јануари, а според послендите информации многу веројатно негова следна дестинација да биде најтрофејниот италијански калчолигаш Јувентус.

Санчо во последните 12 месеци блеска и неверојатно ја крена цената до 100 милиони евра, но во последно време е доста „проблематичен“ во Дортмунд, доби неколку казни, а сето ова сите го толкуваат поради неговиот обид да издејствува трансфер во друг клуб. Претходно се посочуваше Манчестер јунајтед како потенцијална дестинација, но Санчо наводно имал друга желба.

Младиот Англичанец, кој во март лани играше и во Скопје за англиската селекција до 19 години, сака да игра покрај Кристијано Роналдо, па затоа негова желба е да го облече црно-белиот дрес. Од Јувентус пред неколку месеци најавија дека имаат во план да купат млада ѕвезда, која ќе биде најмалку цела деценија дел од клубот, а ќе го наследи Кристијано Роналдо кога Португалецот ќе реши да си замине од Торино.

Санчо има пет гола и девет асистенции на 17 меча сезонава за Борусија во Бундеслигата и ЛШ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com