25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Најголемата француска дива на денешницата: „Имав 4 години кога родителите ме оставија, поради тоа ги напуштив сите мажи кои ги сакав и одбив 4 веридби“

Најчитани вести

Една од најубавите француски актерки, Жилиет Бинош, на 9 март го прославила својот 58-ми роденден, а само неколку дена пред тоа се појавила на проекцијата на новиот филм „Fire“ во Њујорк, покажувајќи дека е олицетворение на сведениот и отмен француски стил.

Славната Французинка отсекогаш знаела да се наметне и избори за своето место под сонцето, а во светот на кинематографијата запловила како 18-годишна девојка. Сепак, неодамна признала дека не ѝ било лесно на самиот почеток.

„Морав да одам на кастинзи, а немав облека, немав пари… Затоа морав да работам како благајничка. Мојата мајка ги плати првите часови во театар, но тоа е сè. А, јас морав некако да преживеам. Во тоа време имав момче, Италијанец, со него живеев и за среќа беше великодушен кон мене. Ми беше тешко да ги работам кастинзите, требаше да си автентичен на нив и истовремено да преживееш“, раскажала во јануари годинава таа.

Жилиет повеќепати зборувала за длабоката лузна од деството, од која никогаш во целост не се ослободила.

Имено, актерката и нејзината сестра биле напуштени од родителите кога таа имала само четири години, родителите ги испратиле во интернат каде нивната баба работела како готвачка.

„Цел свој живот се борам со стравот од загубата. Како дете родителите ме напуштија и тоа чувство отсекогаш е дел од мене. Бев хиперсензитивно дете, останав хиперсензитивна жена“, изјавила таа пред неколку години.

„Ги напуштив сите мажи кои ги сакав кога се појавија проблеми во нашиот однос поради страв дека тие ќе го направат тоа пред мене. Не би можела да поднесам додека беше обратно“, додала таа.

Поради тоа не е ниту чудно што актерката никогаш не се венчала, иако имала големи љубови во животот и дека дури на четири запросувања одговорила „не“.

Нејзината мајка била учителка и актерка, татко ѝ режисер, вајар и актер, а во моментот кога ги напуштиле двете сестри биле многу мали.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com