16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Најбрзиот рецепт за шарена салата: Имунобомба која ќе ве спаси од вируси

Најчитани вести

Зимно време на нашите простори нема попопуларна салата од туршија, еден од најдобрите избори кога е исхраната во прашање бидејќи се состои од бројни намирници кои го штитат здравјето.

Шарената салата има корисен ефект врз телото од повеќе причини: содржи многу пробиотски култури, кои позитивно влијаат на системот на органите за варење и цревната микрофлора, потоа го зајакнува имунолошкиот систем, го штити телото од воспаленија, го намалува покачено ниво на лош холестерол во крвта, ублажува алергии и проблеми со кожата …

Најдоброто е што подготовката на туршија е многу едноставна, а ако го пробате овој рецепт – дефинитивно нема да се разочарате!

Состојки

Зеленчук:

1 кг пиперка

3 главици кромид

1 кг корнишони

1 кг карфиол

1 кг моркови

3 кесички бибер

10 ловорови листови

гранчиња магдонос

Солен прелив:

2,5 l вода

800 мл оцет

150 гр шеќер

100 гр сол

Подготовка: 

Стерилизирајте ги теглите, наредете ги отворени и во секоја истурете малку бибер и магдонос.

Зеленчукот убаво измијте го и исечкајте го ситно колку што сакате. Истурете во теглите.

Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете шеќер, сол, ловоров лист и малку бибер. Мешајте додека не се растворат шеќерот и солта, а потоа истурете го оцетот и почекајте повторно да зоврие. Потоа тргнете го од оган.

Потоа истурете ја течноста во тегли и наполнете до врвот, па затворете со метални капаци.

Ставете ги теглите во рерна, загрејте ја на 100 степени и оставете ги да отстојат час и половина, па исклучете ја и оставете ги да се изладат во рерна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com