-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Најавите за можна конфискација на имот спорна за правниците

Најчитани вести

Најавените измени во Законот за потекло на имот со кој ќе може да се конфискува имот од над 30 илјади евра отвори низа дилеми кај правниците. За во пракса да се применува ваков начин на конфискација на имот треба да се зајакнат капацитетите на институциите кои и онака се слаби, да се направи разграничување како едно лице ќе подлежи на конфискација ако нема сторено кривично дело и на крајот, точно да се утврди која е легитимноста на државата за нечиј имот да биде одземен, велат правниците.

„Се наметнуваат прашања во однос на имотот, дали замешувањето на државата во слободното располагање со приватната сопственост е оправдано или следи легитимна цел. Кај кривичната конфискација јасна е легитимната цел има поврзаност со кривично дело, а кај граѓанската конфискација е поспецифична. Дополнително на тоа треба да се види како и кои ќе бидат надлежните органи кои ќе ја прават таа истрага“, рече Дарко Аврамовски- Правен истражувач- Коалиција „Сите за правично судење“.

Во земјава околу 20 години постои Законот за потекло на имот, но во пракса тој како воопшто не функционира велат од Коалицијата. Се уште немаме стручност на оваа тема затоа тешко ќе може да се утврди кои се предностите и слабостите на мерката конфискација.

„Сѐ уште не е добро заживеана како мерка, самите законски одредби се непроменети кога се поставени основите, ниту во Кривичниот законик ниту во Законот за кривичната постапка. 45 правосилни предмети во кои е изречена мерката конфискација на имот е многу мала бројка“, додава Аврамовски.

Од Коалицијата велат дека ваков сличен модел се применува многу ретко во земјите во светот, а меѓу нив се Велика Британија, Канада, Америка и Нов Зеланд. Најавите на властите се дека набрзо ќе се финишираат предлог измените во Законот за потекло на имот за кои ќе има дебата со стручната јавност. Засега, познато е дека државата ќе може да конфискува имот над 30 илјади евра ако сопствениците не можат да го докажат потеклото.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com