28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Најавен #XiaomiMegaLaunch – се очекуваат Mi 11 Pro, Mi 11 Ultra и Mi 11 Lite

Најчитани вести

Xiaomi го објави датумот за својот „Mega Launch“ настан, а тоа е 29. март. Настанот ќе биде пренесува во живо на најголемите социјални мрежи.

Компанијата не спомена ништо за уредите што ќе бидат претставени за време на настанот, но се очекуваат три телефони – Mi 11 Lite, Mi 11 Pro и Mi 11 Ultra. Сите три модели веќе во неколку наврати се појавуваа во вестите и гласините, што сугерираше нивната објава.

Xiaomi Mi 11 Lite се очекува како прв телефон со Snapdragon 775G чипсет, а протечените фотографии укажуваат на три камери на задната страна (64MP главна, 8MP ултраширока и 5MP макро). Потоа, тука се Mi 11 Pro и Mi 11 Ultra, кои би требало да го користат Samsung ISOCELL Bright GN2 сензорот со резолуција од 50MP.

Кај двата премиум модела се очекуваат и перископ камера со 120x хибриден зум и мал дисплеј на задната страна за подобро селфи. Главната разлика помеѓу Pro и Ultra моделите веројатно ќе биде само брзината на полнење, 66W наспроти 120W, а сите детали ќе ги дознаеме за неколку дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести