Home » Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

by Журнал.мк

„Како Синдикат на вработените во Министерството за финансии изрзуваме големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на нашите плати. Имено пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%“, велат од Синдикатот на вработените во Министерството за финансии.

„Министерот за финансии, Г-дин Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени.

Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените.

Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството.

Одредбата од чл.66 во Законот е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.

Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови“, се додава во соопштението на Синдикатот на вработените во Министерството за финансии.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk