4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Началникот на ГШ, генерал Ѓурчиновски во дводневна работна посета на Косово

Најчитани вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Косово.

Како што соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на армискиот Генералштаб, генерал Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ќе ја одржи редовната годишна средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи, по што ќе ја посети и регионалната команда на Мисијата во Пеќ, каде е распореден нашиот контингент кој извршува задачи во состав на меѓународните сили.

Во текот на утрешниот ден, генерал Ѓурчиновски ќе оствари средба со командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Рахман Рама и со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај.

– На средбите, кои се дел од годинашните планирани меѓународни активности на началникот на Генералштабот, ќе се разговара за нашиот придонес во рамки на КФОР, како и за актуелни прашања во рамки на меѓусебната соработка со командата на Мисијата и со Косовските безбедносни сили, се додава во соопштението.

Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот, Армијата од ноември минатата година започна со директно учество во Мисијата на НАТО, КФОР, при што нашите припадници во состав на вод за обезбедување извршуваат задачи во мултинационален баталјон во состав на регионалната команда – Запад заедно со припадници од армиите на Италија и Молдавија. Штабниот елемент од контингентот, пак, извршува задачи во склоп на главната команда на КФОР во Приштина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com