21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интерес ќе биде и денес дел од собраниска расправа

Најчитани вести

Денес ќе продолжи собраниската расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интерес 2021-2025.

Потпретседателот на комисијата, Горан Мисовски најави дека седницата ќе продолжи денес, откако претходно беше истата прекината. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денешната расправа рекоа дека ќе го поддржат носењето на Стратегијата, бидејќи таа е важна за државата и од нејзините резултати ќе зависи и напредокот во евроинтеграциите, но изразија сомнеж во капацитетот на власта за нејзино спроведување.

Од друга страна, за пратениците од власта, ова е вистинска стратегија во вистинско време, а нејзината имплементација зависи од сите. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, пред пратениците, посочи дека петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, и во него се детектирани 12 секторски приоритетни проблеми меѓу кои правосудството, медиумите, вработувањето во јавниот сектор, процесот на јавни набавки, спроведувањето на надлежностите во јавниот сектор…

„Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности. ДКСК примени широк, инклузивен и транспарентен процес во подготовката и изработката на стратегијата со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, медиуми, но и претставници од Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, РАИ и ИРИ“, посочи Ивановска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести