12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Нафтените деривати поскапуваат на полноќ

Најчитани вести

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во земјава, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се точи по цена од 70 денари за литар.

Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 60,50 денари за литар оваа недела.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар, па ќе чини 60 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,889 ден/кг

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com