13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Научници изумија радарска технологија што може да предвиди мозочен или срцев удар

Најчитани вести

Научници од Хамбург можат да откријат знаци за мозочен или срцев удар во рана фаза со помош на радарска технологија. Технологијата може и да ја предвиди смртта кај неизлечиво болните пациенти.

Идејата е на професорот Александар Келпин од Техничкиот универзитет „Хамбург“.

– Радарските сензори би имале голем потенцијал и би ги направиле попријатни, посигурни и поефективни медицинските прегледи – вели професорот.

Келпин и неговиот истражувачки тим се први во Европа што развиваат радарски системи за медицинска употреба и веќе може да прават клинички тестови на пациентите. Овој тим развил сензорски систем со голема чувствителност за медицинско следење на пациентите. Со радарската технологија може да се анализираат работата на срцето и дишењето без директен контакт.

– Нашите сензори испраќаат електромагнетни бранови кои се рефлектираат од телото. Во практика тоа функционира приближно вака: крвта што излегува од срцето тече во облик на пулсирачки бран низ вените, што на површината на телото создава вибрации. Нив можеме да ги измериме со помош на сензори и врз основа на тоа да утврдиме многу медицински аспекти на крвниот систем – објаснува Келпин.

Радарот е способен да ги мери малите вибрации од далечина, без допир, а на тој начин со сензорите може да се откријат проблеми со срцето или затнати вени, што го зголемува ризикот за мозочен удар.

Научниците сега ја тестираат технологијата на новороденчињата, фокусирајќи се на епилептичните напади, бидејќи се претпоставува дека неоткриената епилепсија е одговорна за дури 20% од неочекуваните смртни случаи кај новороденчињата.

Според Келпин, оваа технологија би можела да се искористи и за коронавирусот, односно со бесконтактното мерење на отчукувањата на срцето и дишењето може да се утврди заболување од Ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот.

Засега новиот радар се користи само на женската клиника „Ерланген“, на одделот за палијативна нега. Таму се сместени пациенти што се болни од неизлечива болест, а новиот радар може да ја утврди претстојната смрт четири дена претходно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести