8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Научниците предупредуваат: Условите за живот ќе бидат поопасни отколку што мислиме

Најчитани вести

По децении неактивност и неефикасни обиди за забавување на климатските промени, загадувањето и брзото намалување на биоразновидноста, цивилизацијата стои на работ на грозна иднина, која сериозно ја потцени, предупредува меѓународен тим на научници во новото истражување објавено оваа недела.

„Размерите од заканите во биосферата и сите нејзини животни облици – вклучувајќи го и човештвото – всушност се толку големи што е тешко да го сфатат и добро упатените експерти”, истакнуваат научниците во списанието Frontiers in Conservation Science.

Авторите сметаат дека дури и експертите, со оглед на тоа дека во главно имаат увиди само во ограничени подрачја на својата експертиза, тешко ги сфаќаат размерите на проблемите со кои се соочува нашата цивилизација. Секако, уште потешко е со лаиците.

„Просечните луѓе имаат потешкотии во сфаќањето на големината на оваа загуба, и покрај постојаната ерозија на ткивото на човековата цивилизација“, пишуваат авторите и нагласуваат дека причината поради која грандиозноста на нивните зборови може да се изгледа претерано е фактот дека влоговите кои ги имаат во својата работа се неверојатно високи.

„Нашата порака можеби не е популарна, но е навистина застрашувачка”, пишуваат научниците во својот осврт во списанието Conservation.

„Но, научниците мора да бидат искрени и точни ако сакаат човештвото да ја разбере големината на предизвиците со кои се соочуваме“, додаваат тие.

17 научници од угледни универзитети

Во објавеното истражување анализирани се повеќе од 150 истражувања, а него работеле 17 водечки научници, вклучувајќи и некои до Универзитетот Флиндерс, Стенфорд и Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.

Во тоа истражување, експертите опишуваат веројатни идни трендови на намалување на биолошката разновидност, масовно изумирање, климатски промени и загадување со токсични материи.

„Проблемите поврзани со човековата потрошувачка и растот на населението речиси сигурно ќе се влошуваат во текот на следните децении. Штетите ќе се чувствуваат со векови и се закана на опстанокот на сите видови, вклучувајќи го и нашиот“, порачале авторите.

Политички и лични пречки во справувањето со проблемите

Тие велат дека прво настојувале да утврдат во која мера експертите ги сфаќаат размерите на заканата во биосферата и нејзините животни облици, вклучувајќи го и човештвото.

За несреќа, нивните резултати покажале дека идните услови за живот ќе бидат многу поопасни од тоа што експертите моментално веруваат.

Тие сите релевантни податоци ги претставиле и објавиле, како и тоа што не чека, што исчезнало од лицето на земјата и како никој не направил ништо. Исто така, во нивната анализа има и насоки што би можело и би требало да се направи за барем малку да забави црното сценарио.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести