15 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Научниците предупредуваат: Можеби и домашните миленици ќе треба да се вакцинираат против Ковид-19

Најчитани вести

Досега, во повеќе наврати беше утврдено дека домашните мачки биле заразени со коронавирус, но немале никакви симптоми на Ковид-19 болест, што ги прави совршени за ширење на инфекцијата.

Откако почна пандемијата на коронавирусот, се води расправа за тоа дали и домашните миленичиња се ризична група што може да го пренесува вирусот и да заболи од Ковид-19 Досега, научниците утврдија коронавирус кај некои животни во зоолошките градини ширум светот (тигри и шимпанза), но се кршат копјата за тоа дали и кучињата и мачките се потенцијален проблем.

Група научници од неколку универзитети сега предупредуваат дека кучињата и мачките, баш како и луѓето, во иднина можеби би требало да се вакцинираат против Ковид-19. Истакнуваат дека пренесувањето на вирусот од животни на луѓе е „значан долгорочен ризик“ бидејќи може да доведе до мутации на вирусот и да ги направи неефикасни актуелните вакцини против Ковид-19.

Научниците од Универзитетот Источна Англија, Институтот Ерлхам во Норич и Универзитетот Минесота предупредија дека вакцинирањето на домашните миленици може да биде пресудно за ограничување на пандемијата.

„Се чини логично да се развие вакцина за домашни миленици, навистина мораме да бидеме подготвени за оваа можност“, истакна еден од авторите на стручниот напис во списанието Virulence, Кок ван Остерхоут, додавајќи дека Русите веќе работат на ваква вакцина.

Досега, во повеќе наврати беше утврдено дека домашните мачки биле заразени со коронавирус, но немале никакви симптоми на Ковид-19 болест, што ги прави совршени за ширење на инфекцијата.

Доколку вирусот продолжи да се развива кај животните, а потоа повторно да се шири на луѓето, тоа би можело да претставува долгорочен ризик за јавното здравство, напишаа научниците, предупредувајќи дека во таков случај вирусот би можел толку да мутира, што би се претворил во нов, сроден вирус.

„SARS-CoV-2 може да зарази голем број на различни видови, вклучувајќи мачки, кучиња, куни и други диви и домашни животни. Затоа вакцинацијата на домашни животни би можела да стане клучна за сопирање на развојот на вирусите и повторните пандемии“, напоменуваат авторите на статијата.

Предупредија и дека ќе биде потребно да се спроведат строги епидемиолошки мерки како што носење маски и социјална дистанца, со цел да се намали ширењето на вирусот и да се спречи неговиот понатамошен развој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести