33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА ЗОШТО ЛУЃЕТО УМИРААТ ПРЕД ВРЕМЕ: На сите им недостасува 1 состојка, поради тоа страда срцето

Најчитани вести

Постои една супстанца која е најчеста причина за фатални кардиоваскуларни заболувања.

Американски научници воспоставија врска помеѓу индексот на омега-3 масните киселини и ризикот од предвремена смрт, а резултатите од ова истражување беа објавени во списанието Nature Communications.

Според резултатите од анализата, во која беа вклучени податоци за 42 илјади жители од различни земји, луѓето со повисок индекс на масни киселини во просек имале 13% помал ризик од предвремена смрт, во споредба со оние кои имале пониско ниво на овие микроелементи во крвта.

Што се омега-3 масните киселини?

Есенцијални масни киселини што му се потребни на нашето тело и не може само да ги создаде. Бидејќи самото тело не ги произведува, единствениот начин да ги добиете е преку храна или капсули.

 Земајќи ја предвид општата состојба на организмот, заклучокот е дека пациентите со недостаток на овие киселини имале далеку поголем ризик од прерана смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести и болести на крвните садови.

Научниците со години ја истражуваа врската помеѓу нивоата на омега-3 и болестите кои влијаат на срцето, мозокот, зглобовите и видот, но малкумина го проучуваа можниот ефект на масните киселини врз животниот век.

Ново истражување потврди дека омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во морската риба и морските плодови можат да имаат корисни ефекти врз целокупното здравје и, како резултат, да го забават процесот на стареење, потенцираат авторите на статијата.

Каде ги има најмногу?

Најголемите извори на омега 3 масни киселини се рибите (на пример скуша, сардина, лосос, харинга), рибиното масло, семето од лен и чиа, јаткастите плодови (бадеми), култивираните алги. Тие исто така можат да се најдат во бројни додатоци во исхраната, т.н. диететски суплементи

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести