Home » Научниците измислија инјекција која целосно лекува мамурлак

Научниците измислија инјекција која целосно лекува мамурлак

by Журнал.мк

Научниците од Универзитетот Саутвестерн медицински центар во Тексас создадоа хормонска инјекција која може драматично да го забрза закрепнувањето од мамурлак, пишува „Сан“.

Научниците со експерименти врз глувци откриле дека дозирањето со факторот на раст на фибробластот 21 (FGF21) го преполовило времето што им е потребно да се отрезнат.

Познато е дека FGF21 штити од негативните ефекти на алкохолот така што побрзо го разградува и го активира мозокот. Истражувачите од Универзитетот Саутвестерн од Тексас им дале на глувците „прекумерна“ доза на етанол, што е еквивалентно на пиење алкохол кај луѓето.

Глувците го изгубиле својот „рефлекс на исправување“ – способноста на телото да се исправа кога алкохолот ќе доведе до нарушување на рамнотежата. На глувците на кои им недостига FGF21 им требало подолго време од другите глувци за да го вратат својот рефлекс на исправување и рамнотежата.

Хемикалијата, која природно се наоѓа во црниот дроб, испраќа сигнали до мозокот за да се заштити од штетните ефекти на алкохолот.

Доктор Стивен Кливер од Универзитетот Саутвестерн, рекол дека зголемувањето на нивоата на FGF21 во телото со инјекција „може драматично да го забрза закрепнувањето од интоксикација“.

„Откривме дека црниот дроб не е вклучен само во разградувањето на алкохолот. Исто така, испраќа хормонски сигнал до мозокот за да го заштити од штетните ефекти на интоксикација, вклучувајќи и губење на свеста и координација“, објаснил д-р Кливер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk