Home » Научниците го открија најголемото растение на Земјата: Од само едно семе до 180 километри долга билка

Научниците го открија најголемото растение на Земјата: Од само едно семе до 180 километри долга билка

by Журнал.мк

Најголемото познато растение на Земјата – морска трева која е 3 пати поголема од Менхетен, е откриено на брегот на Австралија, пишува „BBC“.

Со генетско тестирање, научниците утврдиле дека големата подводна ливада во западна Австралија е всушност една билка. Се верува дека таа се ширела од едно семе најмалку 4.500 години.

Морската трева покрива околу 200 квадратни километри, велат истражувачите од Универзитетот на Западна Австралија.

Тимот случајно наишол на откритието во заливот наречен Шарк, околу 800 километри северно од Перт. Целта на научниците била да ја утврдат генетската разновидност на овој вид кој обично расте долж деловите на австралискиот брег.

Тие собрале примероци од целиот залив и испитувале 18.000 генетски маркери за да дојдат до „отпечаток на прст“ од секој примерок. Тимот научници сакал да дознае колку растенија ја сочинуваат подводната ливада.

„Одговорот нè воодушеви – беше само едно!“, вели Џејн Еџлоу, главен автор на студијата.

„Тоа е тоа, само едно растение се проширило на 180 километри во заливот Шарк, што го прави најголемото познато растение на Земјата“, додала Еџлоу.

Билката е исклучителна и по својата издржливост бидејќи растела на локации ширум заливот во многу различни услови.

„Се чини дека е навистина отпорна, поднесува широк распон на температури и салинитет, како и екстремно висока количина на светлина, што сето заедно е многу стресно за повеќето билки“, вели д-р Елизабет Синклер, еден од истражувачите.

Ваквиот вид морска трева главно расте како тревник со брзина до 35 центиметри годишно. Поради тоа истражувачите процениле дека биле потребни 4.500 години за да се прошири до сегашната големина.

Истражувањето е објавено во списанието „Proceedings of the Royal Society B“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk