20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Научник од Јејл: Следуваат уште две фази од пандемијата, крајот дури во 2024 година

Најчитани вести

Пандемијата на коронавирусот нема да заврши сѐ до 2024 година, кога ќе почне таканаречениот „постпандемиски“ период,  што ќе биде многу сличен на „лудите дваесетти години“ на 20 век, смета д-р Николас Христакис, научник од Јејл.

„Сериозните вируси влијаат врз нашата економија, начинот на живот и пандемиите вообичаено се одвиваат во три фази, па кога станува збор за коронавирусот, можеме да зборуваме за актуелната фаза што ќе трае до крајот на 2021 година. Потоа следи средната фаза, што ќе трае до 2023 година, а на крајот и постпандемиската фаза, што ќе почне во 2024 година“, изјави Христакис.

Во првата фаза, во која се наоѓаме сега, оценува Христакис, вирусот се шири сѐ додека не се заразат доволно луѓе и не се постигне таканаречениот имунитет на стадо.

„Светот се промени, маските станаа задолжителни, физичката дистанца, исто така, начинот на работа се менува, многумина остануваат дома, свртени кон вербата… Со ова темпо, треба да се очекува дека ќе го достигнеме имунитетот само до крајот на годината, или природно или преку вакцини“, рече Христакис за CNN.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести