21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Науновски: Мицкоски е минато свршено време, на 28ми март ќе биде формално разрешен

Најчитани вести

Во своето гостување во 24 анализа, професорот и политички аналитичар, Тони Науновски се осврна на моменталната состојба во ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски и моменталното раководство треба да се именуваат во минато свршено време. Со закажувањето на конгресот, треба така да се обраќа кон ова раководство на ВМРО ДПМНЕ. Во овие неколку години се случија многу драстично погрешни политики, кои немаат врска со матрицата и идеологијата на ВМРО ДПМНЕ, и затоа овој конгрес е важен да се одбере раководство, кое ќе може да го акумулира повторно македонскиот државен интерес. Се помалку е важно што зборуваат Мицкоски и луѓето околу него. Конгресот е закажан, такашто важно е да се анализира зошто дојде до тоа. Ова беше крајно време, конгресот да се случи. Луѓето сфатија дека низата порази кои ги доживеа Мицкоски, се поразителни и за народот и за партијата. Прашањето е дали Мицкоски ќе биде доволно паметен и ќе го почитува мнозинството, и мирно на демократски начин ќе ги предаде печатите“ -кажа Науновски.

Науновски исто така посочи дека луѓето од Иницијативниот одбор имаат легитимитет и истакна дека Мицкоски оддамна веќе и бега на идеологијата на која се темели ВМРО ДПМНЕ.

„Мицкоски посочи дека ако загуби ќе се повлече од функцијата и тоа не го стори. Тој нема перформанси што ги задоволуваат потребите за лидер на ВМРО ДПМНЕ, и во последно време се оддалечи од идеологијата на партијата. Хан посочи и дека Мицкоски му ветил дека нема да го попречува процесот за промена на името, додека тука не убедуваше дека е против промена на уставното име. Луѓето од Иницијативниот одбор имаат апсолутен легитимитет, факт е дека сите се важни за партијата штом се избрани како делегати, Оттаму, таму има навистина имиња за почит“, истакна Науновски.

Науновски вели дека сега се појавува нова шанса за народот, во смисла на исправање на сите погрешни политики на веќе поранешното раководство. Медиумите, според него имаат погрешен вокабулар за означување на сегашната состојба, зошто ова раководство на опозицијата е минато време. Смета дека со самото закажување на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се зборува во минато свршено време за ова раководство, и потенцираше дека Мицкоски на 28 март веројатно и формално ќе биде разрешен, а сега е само технички претседател.

„Во овие неколку години од неговото раководство се случија многу драстични погрешни политики кои немаат врска со матрицата и идологијата на ВМРО-ДПМНЕ и тука е шансата да се избере ново раководство.“ – вели тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести