8.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Наумоски: Клинички центар и уште 200 нови проекти за секое населено место во Ѓорче Петров

Најчитани вести

Тој пред граѓаните истакна дека во новата програма за следните четири години има над 200 нови проекти за секое населено место, за секое маало, проекти што ќе влијаат на унапредување на квалитетот на живот во општината.

„Покрај Клиничкиот центар, за првпат градиме ново основно училиште во општината, во населбата Александрија со најсовремена спортска сала која ќе исполнува услови за меѓународни натпревари. За овој проект ќе издвоиме околу 3,5 милиони евра, во него ќе учат 500 деца од Ѓорче Петров. Ново Село добива нова детска градинка, инвестиција вредна 800.000 евра, со капацитет за 150 деца проектот е прифатен од Министерството за труд и социјална политика. На местото на урнатата градинка во Дексион имаме проект да се изгради нова детска градинка со капацитет за 150 деца, здравствен објект и мини трговски центар со катна гаража. Лепенец мора да добие кеј со спортско-рекреативна зона, со тоа го решаваме хаосот со депонии долж реката и добиваме кеј поубав од оној во Скопје. Градиме нови спортски сали во Хром и Никиштани. Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони од Јурија до Хром, со изградба на нов резервоар во Оризарски Рид. Имаме проект за Кучково како наш бисер за чист воздух и рекреација со видиковци и мапирани вело и пешачки патеки и развој на манастирски туризам. Нов проект за водовод во Кучково“, рече Наумоски.

Потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на промоцијата истакна дека Владата предводена од СДСМ изминатите години ги раздолжи презадолжените општини и инвестираше 500 милиони евра во проекти, кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните.

Но оваа општина, општината Ѓорче Петров е посебна, таа ќе добие можност за дополнителен развој и значаен придонес за подобар и поквалитетен живот, со изградбата на новиот Клинички центар, порача Филипче. Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западен Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче, додавајќи дека овој проект ќе биде реализиран колку и да се обидува ВМРО ДПМНЕ да го кочи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com