9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Наумоски и Спасовски порачаа дека победата во Ѓорче Петров, тргнува од Волково

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и потпртседателот на СДСМ Оливер Спасовски, вечерва беа на маалска средба со граѓаните на неселеното место Волково.

Пред присутните Наумоски ги претстави идните проекти за ова населено место, меѓу кои ги издвои уредувањето на коритото и кејот на реката Лепенец, довршување на канализациската мрежа, асфалтирање и поплочување на преостанатите улици, нов парк и детски игралишта.

„На 17-ти да покажеме дека Волково го сака и го заслужува Најдоброто, да продолжи развојот на Волково, да гласаме за број 12″ повика Наумоски.

Потпретседателот Спасовски посочи дека очигледен е напредокот на Ѓорче Петров и Волково во овие четири години а тоа најдобро се гледа по тоа капиталните инвестиции како што е новата детска градинка, новата училишна спортска сала, новиот кружен тек и другите проекти поврзани со комуналната инфраструктура.

„Наумоски зад себе има резултати, тоа ќе биде препознаено и на 17 октомври со масовна поддршка за бројот 12 за Наумоски и за советничката листа и бидете сигурни, од овде од Волково тргнува победата на СДСМ и Најдоброто во Ѓорче Петров” истакна Спасовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com