17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Натпревар за едукативна роботика “FIRST LEGO League” за деца во Тетово

Најчитани вести

Почитувани,

Дозволете да Ви се обратиме согласно натпреварот за едукативна роботика FIRST LEGO League (за деца од 10 години и нагоре) и FIRST LEGO League Explore (FLLE) (за деца од 6 до 10 години) за кои регионален партнер на територијата на Република Северна Македонија е Здружение за иновативно учење и едукација „Академија за роботика и иновации“ од Скопје.

Откако во февруари годинава го оддржавме натпреварот FIRST LEGO League, оваа година за прв пат на територијата на Република Северна Македонија ќе го организираме натпреварот FIRST LEGO League Explore (FLLE), кој ќе се оддржи во среда на 18-ти мај 2022 година а за кој домаќин ќе биде ПСУ ”Јахја Кемал”- Боговиње, Тетово.

Натпреварот, секоја година се оддржува низ повеќе од 100 земји низ светот, со учество на преку 40.000 тимови од национално и меѓународно ниво кои заедно со своите ментори работат на различни предизвици од областа на инженерството и кодирање до размислување за дизајн и вклучување на заедницата, решавање предизвици од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) – основа за се што правиме во FIRST®. Програмите на FIRST, освен теоретско, обезбедуваат и суштинско практично образование, овозможуваат стекнување со практични искуства и инспирација која им е потребна на младите луѓе да бидат поттикнати и да изградат подобар свет. Надвор од играњето, натпреварувањето и тимските предизвици, учесниците ја продлабочуваат својата љубопитност и самодоверба за да создадат подобра иднина за себе и за нивните заедници преку набљудување на можностите за решавање на проблеми во реалниот свет, за подобрувања на светот во кој живееме, свет со иновации и инклузија.

Оваа сезона 2021 – 2022, предизвикот е ИДНИНАТА НА ТРАНСПОРТОТ вклучувајќи креирање на иновативни решенија од испорака на пакети во рурални и урбани области до испорака на помош при катастрофи, во рамки на деветтиот предизвик на Обединети нации за оддржлив развој фокусирана на градење отпорна инфраструктура, промовирање на инклузивна и одржлива индустријализација и инспирација за иновации. На овој начин, учесниците се поттикнуваат да размислуваат за идната оддржливост на транспортот а ние ги охрабруваме да се обидуваат и да не се откажуваат да бидат следната генерација лидери и иноватори, справувајќи се со најтешките предизвици во светот.

FIRST LEGO League Explore ја следи истата тема дадена на предизвикот FIRST LEGO League. Додека тимовите на FIRST LEGO League Challenge спроведуваат истражувачки проекти и дизајнираат автономни роботи специјално за извршување мисии поврзани со темата, тимовите на FIRST LEGO League Explore се фокусираат на основите на инженерството додека ги истражуваат проблемите во реалниот свет, учат да дизајнираат и кодираат и создаваат уникатни решенија а притоа работат на нивниот постер и моделите според упатствата на предизвикот.

МИСИЈАТА на FIRST® е да ги инспирира младите луѓе да бидат лидери и иноватори во науката и технологијата, вклучувајќи ги во возбудливи менторски програми со помош на кои ги развиваат своите вештини од областа на STEM кои понатаму инспирираат иновации и поттикнуваат развој на неопходните способности за животот на 21 век како самодоверба, комуникација и лидерство.

Основните вредности го нагласуваат пријателскиот натпреварувачки дух, почитувањето на придонесите на другите, тимската работа, учењето и вклученоста во заедницата како дел од нашата заложба за поттикнување, негување и зачувување на културата на еднаквост, различност и инклузија.

Имајќи ја во предвид важноста на овој натпревар во развојот на нашите млади и националниот развој, работата и придонесите на сите ментори и учесници од Скопје и Тетово, им посакуваме среќа на нашите тимови:

  • Lego 6
  • Bot Platinum
  • Wolves
  • The flying House
  • Mind Masters
  • MDM
  • Techno Legends
  • NPA

Со почит,

Академија за роботика и иновации
Скопје

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com