10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Нато ќе одговори ако Русија употреби хемиско оружје во Украина, кажа Бајден

Најчитани вести

Џо Бајден предупреди дека НАТО ќе одговори доколку Русија употреби хемиско оружје во Украина. Американскиот претседател, кој е во посета на Европа, не прецизираше што значи тоа.

Тој денеска патува за Полска, при што ќе се сретне со украинските бегалци во близина на границата.

Запрашан дали употребата на хемиско оружје од страна на Русија ќе резултира со воен одговор на НАТО, Бајден кажа:

„Ќе одговориме ако Путин го употреби. Природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата“.

Западните нации веќе некое време предупредуваат дека Русија е спремна да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина. Инвазијата влезе во петтата недела, а Русија досега нема освоено ниеден поголем град.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека употребата на хемиско оружје ќе резултира со сериозни последици.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com