4 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

НАТО очекува зајакнување на американско-европските врски

Најчитани вести

НАТО и Европската унија се радуваат на идната соработка со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на врските со САД, нагласи синоќа генералниот секретар на Алијансата.

„Со нетрпение очекуваме да работиме со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на американско-европските врски во време кога се соочуваме со глобални предизвици на кои никој од нас не може да се справи самостојно“, наведе генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот профил на Твитер по работната вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ден пред инаугурацијата на американскиот претседател.

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел исто така присуствуваше на тричасовниот состанок, организиран на иницијатива на Шарл Мишел.

Столтенберг го покани Бајден да учествува на самитот на НАТО, за кој се уште не е одреден датум. Мишел му предложи и на американскиот претседател да организира посебна средба за него со сите лидери на ЕУ.

НАТО и европските институции се со седиште во Брисел, а идејата е тие два состанока да се организираат истовремено, изјави дипломатски извор. Дваесет од 27 земји-членки на ЕУ се исто така членки на Алијансата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести