17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

НАТО е незаменлив во ЕУ

Најчитани вести

НАТО е најсилната воена алијанса во светот и ќе остане заедничка основа за европска одбрана, се согласија новиот еврокомесар за надворешна политика Џозеп Борел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на нивната средба во Брисел. Според нив, предложената европска одбрана не е алтернатива за НАТО.

Новиот шеф за надворешна политика на Европската унија Џосеп Борел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржаа разговори посветени на европската одбрана.

По средбата во седиштето на Европската служба за надворешно дејствување во Брисел, тие ја истакнаа важноста на соработката меѓу НАТО и Европската унија.

Генералниот секретар Столтенберг оцени дека посилната европска одбрана може само да придонесе за „подобро делење на товарот“ во рамките на НАТО.

Но, тој истакна дека по Брегзитот, 80 насто од одбранбените трошоци на НАТО ќе доаѓаат од земји кои не се членки на Европската унија.

„Сојузниците кои не се членки на ЕУ како Соединетите држави, Канада, Норвешка и Турција даваат клучни придонеси за европската безбедност и по Брегзитот, 80 насто од одбранбените трошоци на НАТО ќе доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Значи, ЕУ не може да го замени НАТО кога станува збор за одбрана на Европа“.

Шефот на европската дипломатија Борел истакна дека предложената нова европска одбранбена унија нема да биде алтернатива за НАТО, туку ќе ја надополнува.

„Да се изгради оригинална Европска одбранбена унија, која не е алтернатива за НАТО, не е нешто различно од НАТО, туку комплементарно. Мораме да го гледаме тоа на комплементарен начин, значајна соработка, силна соработка, споделување одговорност за нашата безбедност и нашите граѓани, постапувајќи како партнери секогаш кога е можно и ако е потребно, сами. Но, во повеќето случаи треба да бидеме заедно“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com