25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

НАТО донира 60 комплети опрема за респиратори на Министерството за здравство

Најчитани вести

Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) донираше 60 комплети опрема за респиратори на Министерството за здравство, овозможена со финансиска поддршка од Чешка, Литванија, Холандија, Велика Британија и САД.

– Следната недела, комплетите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници каде претходно беа донирани 60 респиратори, со испораката на 30 октомври 2020 година, објави НАТО на својата веб страна.

Опремата е наменета за КОВИД-19 болниците во Скопје, Тетово, Штип Битола, Охрид и Прилеп.

– Оваа поддршка е дел од целокупниот пакет помош што НАТО КОВИД-19 сојузниците се согласија да го обезбедат за Северна Македонија за справување со сериозните ефекти на пандемијата. Дополнителни респиратори и друга медицинска опрема ќе бидат испорачани во Северна Македонија во следните недели, во рамките на Фондот за пандемиски одговор на НАТО, се вели во соопштението објавено денеска на веб страницата на НАТО.

Досега, осумнаесет НАТО сојузници имаат донирано финансиски средства и медицинска опрема и материјали во доверливиот фонд за одговор на пандемијата, од кој досега се одобрени пакети за помош за четири сојузници – Албанија, Чешка, Црна Гора и Северна Македонија, како и за пет партнери – Босна и Херцеговина, Ирак, Молдавија, Тунис и Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести