Home » НАТО го предупреди Косово поради купувањето вооружени дронови

НАТО го предупреди Косово поради купувањето вооружени дронови

by Lina Muslija

Странските воени сили на Косово предводени од НАТО (Кфор) ја предупредија денес Приштина по купувањето турски вооружени дронови дека само тие се одговорни за косовскиот воздушен простор. Оваа изјава на Кфор доаѓа по веста за набавката на турски дронови ТБ-2 „бајрактар“, која ја објави премиерот Аљбин Курти.

„Кога станува збор за сите видови беспилотни летала и соодветните ограничувања, па и во врска со ТБ-2 „бајрактар“, Кфор ја има главната одговорност за воздушниот простор на Косово“, се наведува во соопштението.

Курти во неделата на социјалните мрежи објави фотографии на кои стои покрај новите дронови.

„На нашиот арсенал додадовме дронови ТБ-2 „бајрактар“ кои ги купивме од Турција“, со задоволство изјави Аљбин Курти додавајќи: „Косово сега е побезбедно и подеднакво гордо“.

За „барјактар“ поприлично се пишуваше минатата година поради неговата улога во конфликтот во Украина, а го набавија десетина војски, пишува Меѓународниот институт за стратегиски студии.

Косовската влада се обидува да ги трансформира косовските безбедносни сили, лесно вооружени сили, во регуларна војска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More