-5.5 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Наталија Славева со дечкото во новиот спот

Најчитани вести

Поп-пејачката Наталија Славева денес ја промовира нејзината нова песна, баладата „Непобедливи“. За песната Наталија сними и спот, во кој, во последната сцена, се појавува нејзиниот дечко Александар. Автор на новата песна на Славева е композиторот Иле Спасев, а таа е ко-автор на текстот. Видеото го сними „Фабрика продукција“.

„Ова е моја десетта песна, па додека го пишував текстот бев понесена од идејата дека не секогаш љубовните приказни имаат тажен крај, како што е обично опеано во баладите. Љубовта е движечка сила и чувство што буди најголема радост, па оваа песна го опишува токму тоа“, вели Наталија.

За потсетување, публиката ја запозна Наталија со учеството на македонските фестивали. По пауза од пет години таа лани се врати на музичката сцена кога настапи на „Макфест“ со баладата „Штом љубовта исчезне“, а потоа, заедно со момчето Александар го препеаја хитот на Лејди Гага и Бредли Купер – Shallow. Текстот Наталија Славева со дечкото во новиот спот е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести