28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Настрада тракторист во струшко

Најчитани вести

Струга, 19 септември– Четириесетиосумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар. Несреќата се случи кога автомобил „фолксваген голф“, управувано од Н.Ќ.(56) од с.Г.Лакочереј, охридско се судрил со трактор, управуван од М.Ф.(48) од с.Велешта, струшко.

Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Струга.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести