4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Наставниците во Албанија мора да покажат вакцинален сертификат или негативен тест

Најчитани вести

Во Албанија денеска почнува новата 2021/2022 учебна година, а со самото тоа стапува во сила одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, според која наставниот кадар мора да поседува сертификат за вакцинација или негативен тест, што треба да го прават еднаш неделно.

„Утре стапува во сила наредбата за презентирање на потврдата за вакцинација од страна на образовниот кадар во сите училишта во земјата, додека од 11 октомври тоа важи за студентите. Алтернативата за немање сертификат за вакцинација ќе биде неделниот тест или алтернативна настава за невакцинирани студенти“ рече вчера министерката за здравство Огерта Манастирлиу, пренесува Албанија Дејли.

Според неа зголемениот интерес во текот на отворените месеци за вакцинација довело до над 80 отсто од наставниот кадар во основните и средните училишта да е вакциниран со една доза и над 60 отсто со две дози, што, оцени таа, претставува висока покриеност со имунизација против ковид-19.

„Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се вакцинирани 1.683.644 граѓани од нив 754.020 со двете дози. Покрај во вакциналните пунктови и здравствените амбуланти, вакцинацијата е во тек и на секој универзитет во земјата. Досега, во нашата земја пристигнаа 2.045.310 вакцини,“ информираше Манастирлиу.

Поради трендот на раст на новозаразени и починати од Ковид-19, министерката упати апел до граѓаните да не потпаѓаат под влијание на пропагандата на антиваксерите и да се вакцинираат, како единствен начин на заштита.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com