15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

НАСТАВНИКОТ ПО МАТЕМАТИКА КОЈ НА ФИНСКА Ѝ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ПОБЕДА

Најчитани вести

Финска испишува историја: првпат се на едно големо натпреварување и на дебито направија сензација со прва историска победа.

Значајот и вредноста на триумфот на Финска во 1. коло над Данска е голем од причини што фудбалот по популарност заостанува многу зад хокејот (национален спорт број 1), а платите на фудбалерите во финската лига се многу пониски од просечните европски првенства.

АРХИТЕКТ НА ЧУДОТО НА ФИНСКА Е СЕЛЕКТОРОТ МАРКУ КАНЕРВА

Репрезентацијата на Финска веќе направи голем успех со самиот пласман на Европско првенство 2020 а победата уште посилно одекна во Европа.

Да го запознаеме одблизу најзаслужниот за овој успех.

Марку Канерва е роден и израснат во Хелсинки. Татко му работел во областа на продажба и следел фудбал, а мајка му цртала мапи за електростаници.

Додека во Мексико се играл големиот Мундијал 1970 каде блескала репрезентацијата на Бразил со Пеле, 6-годишниот Марку со другарите трчал по топката во дворот.

Децата го гледале Светското првенство и си давале прекари еден на друг: „Јас чекав ред за да заиграм на бетонското игралиште. Со играта оставав силен впечаток па ме завикаа Ривелињо. А после просто Риве и тоа ми остана до денес“, се сеќава селекторот на Финска, Канерва. 

Ривелињо останал запаметен како еден од најдобрите техничари на сите времиња со силен шут со лева и одличен изведувач на слободни удари. На Светското 1970 кое Бразил го освоил, Ривелињо дал три гола и влегол во тимот на Мундијалот.

ПАРАЛЕЛНО ИГРАЛ ФУДБАЛ И ПРЕДАВАЛ МАТЕМАТИКА ВО ШКОЛО, ИМА ДУРИ 59 НАСТАПИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Од бетонското маалско игралиште, Марку Канерва почнал да игра на зелен тревнест терен но се пожалил дека му е тесно. Татко му решил на 8 години да го однесе малиот Марку во локалниот тим Малми каде почнал да тренира.

Од Малми Канерва успеал да се пробие дури до најголемиот клуб во Финска, ХИК Хелсинки каде во 1983-та дебитирал за првиот тим. Играл во напад и во среден ред а подоцна го вратиле дури и во одбрана.

И надвор од теренот бил многу активен. После средно школо отишол да служи војска а кога се вратил по воениот рок тргнал да учи за физиотерапевт.

Во тој период му се јавил поранешниот тренер од фудбалската школа каде тренирал како мал, Пека Иликантола и му понудил на неколку дена да ја замени наставничката по математика во прво одделение. Тие неколку дена се претвориле во цела недела, месец, година. Учителката решила да оди во пензија па Марку бил главен наставник по математика. 

Во меѓувреме дипломирал и педагогија на Хелсиншкиот Универзитет. Марко на приемниот испит за факултет решил да избере и математика за што можел да добие уште бодови. Интензивно се спремал за испитот.

„Предавање математика е многу сериозна професија, потребно е многу дополнителна работа“, раскажува Канерва.

Неговата специјализација на крај била математика и физичко воспитување. 

Лекторот Илка Харикоски кој ја лекторирал и правел рецензија на дипломската на Марку рекол дека содржината и стилот на пишување е во ред но дека нешто треба да преземе со сленгот.

Следната година ХИК станал шампион на Финска а составот бил скоро цел од студенти (меѓу нив и Канерва). Еден фудбалер бил геодет, друг поправал телефони.

Во финскиот фудбал никогаш немало големи пари. Дури и во денешно време платите не се којзнае колкави за фудбалери. Во 2018-та година според Sporting Intelligence, просечна плата на фудбалер во првенството на Финска изнесувала 19,8 илјади евра годишно (околу 1.650 евра месечно) при што паралелно просечна плата во Финска таа година била 3.200 евра месечно!

Денес просечната плата во Финска е околу 3.600 евра, просечната плата за наставник е околу 3.500 евра (почнува од 1.750 и достигнува до 5.750 евра месечно). Не е исклучено дека Канерва како наставник во школо заработувал повеќе отколку од фудбалот.

Но Марку играл од љубов, немал толкава претензија кон парите и сметал дека да се занимава паралелно со спорт и образование е корисно. Кариерата на еден играч може ненадејно да се прекине па секој професионалец треба да биде спремен за животот после фудбал.

27-годишниот Канерва го завршил универзитетот како фудбалер во Шведска (во 1991 преминал во шведски Елфсборг и таму останал две сезони). Дури и во соседната земја успеал да го спои фудбалот со работата наставник: предавал фински за шведски деца (20 часа неделно), а после и физичка култура и математика во средно во Шведска.

Во Шведска Канерва научил како да решава конфликтни ситуации (важно и за тренер и за наставник). На првиот час некој пубертетлија кој мислел дека е скинхед му рекол: „Ти глупав еден Финец, ништо не те разбирам што зборуваш“. После имал уште пар проблеми во школото но ги решил.

Го прашал директорот дали е можно да спреми индивидуални тренинзи за децата, а директорот му доозволил но само ако децата доаѓаат во школо. Така нивниот наставен план бил збогатен со теретана, пинг-понг и трчање. 

Кога се вратил во родната Финска, Марку Канерва продолжил да работи во школото каде почнал. Паралелно играл фудбал за неколку клубови: ФинПа, ХИК, Хонка па после пак за ХИК Хелсинки. Истовремено играл фудбал, учел за тренер и стигнувал со жена му да ги воспитува двете деца.

Во 1998 ХИК Хелсинки сензационално влезе во групна фаза од Лига на шампиони каде им се паднаа ПСВ, Бенфика и Кајзерслаутерн. Финците завршија последни во групата но успеаа да ја победат Бенфика (дома во Хелсинки).

Интересно португалската телевизија пред мечот отишла во школото каде предавал Канерва со цел да направат репортажа за фудбалерот-професор по математика.

Канерва ја завршил кариерата баш тогаш во 1998-ма. Пет пати ја освоил шампионската тиула на Финска, три пати го освоил Купот на земјата и четири пати Лига Купот. За репрезентацијата на Финска одиграл 59 меча со 1 ол.

ПРАВИ СУПЕР АТМОСФЕРА ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПЕДАГОШКИТЕ НАВИКИ, ИГРАЧИТЕ ГО ВИКААТ ПРОФЕСОР

Кога ја завршил играчката кариера, Канерва уште се дошколувал за тренер. Пресвртна му станала 2004-та кога му дале понуда да работи со младинската репрезентација на Финска.

„Сакав да доработам со шесто одделение каде тогаш предавав. На крајот од пролетниот семестар земав одмор“, се сеќава Марку.

Канерва тоа лето се посветил на тренерската кариера. Во 2009-та година ја однел Финска У-21 на Европско првенство и тоа било најголемо достигнување во оваа земја, а пет фудбалери од таа генерација после 12 години се појавија на историското прво Евро-2020 за Финска.

Марку пет годни работел како асистент во репрезентацијата а главен селектор стана во 2016-та. 

Голем дел од тренерската филозофија на Канерва се заснова на позитивна атмосфера – тој смета дека кога секој играч се чувствува себе како важен дел од екипата, тогаш има добар амбиент. Благодарение на тоа ја совладаа и фаворизираната Данска средде Копенхаген.

„Школски клас и фудбалска екипа се состојат од луѓе кои се стремат кон успех. Така и ме привлече тренерската работа. Професијата учител е добар инструмент за тренер. Учи за водење на група, планирање, организација, комуникација со разни луѓе. Како луѓето може да го откријат својот потенцијал и да направат најдобри резултати? Потребна е само позитивна атмосфера“.

Интересно селекторот на Финска Марку Канерва гледа што е можно повеќе натпревари на своите играчи во клубовите и често разговара со нивните тренери за да го синхронизира планот и позицијата за секој играч.

Исто така долго разговара со капитенот и заменик капитенот во репрезентацијата, ги запознава со планираниот програм на собирите и дури и го менува ако играчите посакаат. На пример попладневните тренинзи ги смениле за утрински зошто фудбалерите во клубовите тренираат најчесто сабајле.

Сите играчи на Финска го викаат селекторот – професор. Тој често држи говор по 30-40 минути пред играчите и смета дека тоа е оптимално време.

„Не сфаќам кога некој викаат дека дечките не можат да впијат информација повеќе од 15 минути. На мечот важно е цело време да се држи фокус. Ако они не можат да се посветат ни половина час, тоа значи дека сме слаби“, вели Канерва.

Неговата работа донесе историски успех – Финска првпат се пласираше на едно Европско првенство и таму ја забележа правата сензационална победа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести