10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Наставата на УКИМ ќе се одвива комбинирано

Најчитани вести

Согласно заклучоците на Ректорската управа, наставата во зимскиот семестар ќе се одвива комбинирано, на далечина и со физичко присуство, велат за Фокус од Ректоратот на скопскиот универзитет Свети Кирил и Методиј (УКИМ).

„Факултетите кои ќе организираат настава со физичко присуство, целосно се придржуваат на препораките и мерките од Комисијата за заразни болести, општите и препораките дадени за нашиот Универзитет. Овие препораки опфаќаат задолжително носење на маска во затворен простор, одржување на физичка дистанца до два метри, хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција на рацете пред влезовите на предавалните, амфиетатрите, вежбалните и другите простории, негрупирање на поголем број лица“, велат од Ректоратот.

Од таму додаваат дека одлуката како ќе се одвива наставата на пооделните факултети зависи од нивните просторни и технички капацитети, од специфичностите на студиските програми и од бројот на студенти.

„Кај некои факултети, имајќи ги предвид овие предуслови, наставата на почетокот на семестарот целосно ќе се одвива на далечина, со користење на видеоконференциски алатки. Кај други веќе се направени помали групи за настава со физичко присуство, ќе се работи на смени, но истовремено како поддршка ќе се користи и дигитална платформа за учење на далечина“, објаснуваат од УКИМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com