Министерството за здравство во целост ги разбира Здруженијата на дијабетичари со кои е во постојан контакт. Апсолутно сме на иста страна во овој случај и даваме максимални напори да ги корегираме пропустите на претходното раководство на Министерството за здравство, кое задоцнило со сите процедури и не ги следело препораките на Комисијата навремено да започне со постапкте, соопштуваат од Министерството.
Нагласуваат дека министерот Меџити е во комуникација со Здруженијата и пациентите и транспарентно ги посочи наследените проблеми и причините за пролонгирање на набавките.Здруженијата на почеток од следната недела ќе бидат повикани повторно на средба и уште еднаш заеднички ќе се разговара за состојбата и ќе бидат информирани за процедурите кои течат во моментот за набавка на потребната терапија.Додаваат дека тужби не се решение ниту има потреба од нив, затоа што министерството е партнер со здруженијата, но ако тие веќе решиле да тужат, тоа треба да биде насочено кон претходното раководство кое ги создаде проблемите кои денес се труди министерството да ги надмине.Од Министерството за здравство уште еднаш апелираат за воздржаност и разбирање.