9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Наскоро CutiePi таблет со Raspberry Pi модул

Најчитани вести

Развојот на CutiePi таблетот базиран на Raspberry Pi Computer Module 3 Lite моделот полека се доближува до својот крај. Програмерите на фотографии ја прикажуваат прилагодената CutiePi матична плоча, додека дизајнерските фајлови можно е бесплатно да се преземат од GitHub (па таблетот е можно да се состави и самостојно).

Сепак, програмерите сакаат да пуштат готов таблет во продажба, па за потребите на масовното производство, за истиот планираат да покренат пригодна crowdfunding кампања. Целосната верзија на таблетот би вклучувала 8-инчен IPS LCD екран со резолуција 1280 x 800 пиксели, батерија со капацитет од 5000 mAh и споменатиот Compute Module 3 Lite со Broadcom BCM2837 процесор на 1,2 GHz и 1 GB RAM.

На CutiePi плочката се наоѓаат Wi-Fi и Bluetooth модули, читач на microSD картички, USB Type-A и USB Type-C приклучоци, micro HDMI приклучок, жироскоп, GPIO приклучок и копче за вклучување и исклучување. Информациите како што е достапноста и цената на таблетот ќе бидат познати по скорешниот почеток на crowdfunding кампањата.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com