17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Наскоро судење за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 16 патници

Најчитани вести

Основниот кривичен суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

„Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“ соопштија од Судот.

Сега, во АКМИС системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а потоа ќе се закаже и датум за почеток на судскиот процес.

За случајот обвинети се шест лица тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс”.

Обвинети се сопственикот на „Дурмо турс”, одоговрното лице за возниот парк во фирмата, возачот на автобусот, како и тројца вработени во станицата за технички преглед, која инаку е сопственост на газдата на „Дурмо турс”.

Најнови вести